Велешките пливачки маратонци на прием кај градоначлалникот

Еден ден по успешната организација на вториот велешки пливачки маратон, натпреварувачите од градот заедно со организациониот одбор беа примени од страна на градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата, градоначалникот Чадиев честитајќи им го успехот на велешките пливачи и организатори истапка дека тој и општината секогаш настојуваат да им се помогне на луѓето кои спремни да се вложат во реализацијата на еден ваков значаен настан и луѓето покажуваат напредок во спортските резултати, притоа поддржувајќи ги во рамиите на можностите.

-„Луѓето кои беа дел од организацијата на овогодинешниот маратон покажаа дека со искуство од само една година можат да организираат манифестација што по успех и квалитет е еднаква, па дури и подобра од многу поискусни организатори од нив. Затоа сме тука и ние да ги поддржиме во намерата, да ги охрабриме и да создадеме услови да се реализираат нивните идеи. Ним и на храбрите пливачи им честитам и им посакувам многу успех во понатамошните натпреваруавања. Убеден сум дека повторно ќе бидат дел од велешкиот маратон кој полека но сигурно прераснува во традиција.” – рече градоначалникот Чадиев.
Општина Велес како покровител на оваа манифестација даде максимална поддршка, се со единствена цел истата да прерасне во традиционална и да се одржува секоја година. За таа цел во Програмата за спорт на општината за 2015 година, „Велешкиот пливачки маратон” беше издвоен како посебна спортска манифестација. Локалната самоуправа и во понатамошниот период ќе продолжи со давањето поддршка на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција Велес и Македонија.