ВЕЛЕШАНИ УЖИВАА ВО ЏЕЗ КОНЦЕРТОТ НА „ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ БЕНД”
Вчеравечер во рамките на проектот „Велес – Град на културата за 2015 година” на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк концерт одржа белградската џез група „Васил Хаџиманов бенд“. На концертот беше промовиран петтиот студиски албум на составот „Can you dig it?“, издаден во 2013 година, на кој има осум авторски нумери и една преработка на македонската „Марика мома убава“.
Васил Хаџиманов е препознатлив по комбинирање на балканските традиционални фолк ритми и западните модерни музички стилови: џез, фанк во автентичен и нов пристап во џез музиката.
Во својата кариера има издадено три албума: Компонирал и музика за филмовите: 011 Белград и Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур.
Освен што е Македонец, син на Зафир и Сенка Хаџиманови, Васил од најрана возраст почнал да се интересира за музиката. Кариерата ја започна како композитор, а продолжи како клавијатурист и аранжер.
Ова е шести концерт на „Васил Хаџиманов бенд“, а прв во Македонија. Досега имале концерти во Требиње, Мостар, Макарска, Пула и во Нови Сад. По Велес ќе настапат во Битола и во Скопје во клубот „Цреша“.