Реконструкција на водоводна линија на улица „Орце Шутев“

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на РМ, Ѓорѓи Коџабашиев и директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски денес извршија увид во работата на започнатата реконструкција на водоводната линија на улица „Орце Шутев“.
Должината на оваа водоводна линија изнесува 400м. која опфаќа повеке од 100 приклучока.
„Долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на градот и почестите дефекти кои за жал резултираа со преќин на снабдувањето со вода со овој зафат ќе бидат решени“ - истакна градоначалникот Чадиев.
Реализацијата на овој проект се очекува да заврши во наредните седмици со што целосно ќе се реши проблемот со веќе дотраените цевки.

