Доделен чекот за деца без родителска грижа

И оваа година, согласно Програмата на Општина Велес за социјална работа, се додели помош од општината на децата без родители, без родителска грижа, старателите и згрижувачките семејства. Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев на преставниците од Центарот за социјални работи им го врачи чекот со предвидените средстваво во висина од 47.600,00 денари.

Овие средства служат за обновување на гардеробата за на училиште или да му се купи она што му е најпотребно. Корисниците ги определува Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.Годинава бројката на деца е 27 кои се на школска возраст од основно и средно образование.Локалната самоуправа од Велес е една од ретките во државата која со години ги помага децата без родители.