Во с. Новачани се поставува водоводна мрежа
Општина Велес превзема акција за решавање на водоснабдувањето во с. „Новачани“. Водоснабдувањето предвидено е да се реализира со поврзување кон новоизградениот водоснабдителен систем за населбите покрај езерото „ Младост“ кој всушност е поврзан на водоснабдителниот систем на градот кој го стопанисува јавното претпријатие „Дервен“. Поврзувањето ќе биде на доводниот цевковод кон резервоарот за викенд населбата над хотел Романтик.
Обезбедени се средства во висина од 2.милиони денари од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година за реализација на проект “Изградба на водоснабдителен систем за населено место Новачани“ со кој што Општина Велес аплицираше во Министерство за животна средина.
Oстатокот на средства до 2.5 милиони денари ќе го обезбеди Општина Велес.
Жителите на селото моментално индивидуално го решаваат проблемот со водоснабдување преку бунари, носење на вода за пиење од најблиските извори на вода, флаширана вода итн.
Со решавање на основната инфраструктура (патна, водоводна, канализациона) се очекува зголемување на посетеноста и враќање на дел од населението, а особено викенд посетителите. Блискоста до езерото дополнително ја зголемува можноста за развој на транзитниот туризам, а со изградбата на елитната населба крај езерото Младост постои опција истата да се прошири и во овој дел на езерото со што овој дел од Општина дополнително би се развил како потенцијално место за развој на туризмот.