Наскоро двонасочен сообраќај до трговскиот центар
На локацијата кај „Авона“ се вршат интензивни градежни работи. Одвивањето на сообраќајот веќе се одвива по проектираната кружна линија. Останува во следните три седмици да се финализираат работите и овој инфраструктурен објект да се стави во употреба.
Денес на лице место беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој заедно со стручните служби и изведувачот одблизу го следеа текот на активностите. Притоа од страна на градоначалникот беше највено дека и паралелно со изградбата на кружниот тек се изработува и сообраќаен проект за двонасочно одвивање на сообраќајот до трговскиот центар во „Нова населба”.
Сообраќајот на овој дел од улицата „Благој Ѓорев” ќе се одвива во два правца. Со тоа во голем дел ќе се олесни сообраќајот и ќе се скрати времето на движење на моторните возила. Оваа измена е воведена како резултат на барањето на голем број на граѓани и соодветната проценка од страна на надлежните служби. Целиот проект се очекува да заврши пред празникот „11-ти октомври”.