НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК СЕ ГРАДИ СОГЛАСНО ЗАКОН И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Во интерес на вистината, a имајќи ги во предвид коментарите на социјалните мрежи кои се однесуваат на кружниот тек кај „Авона”, денес на пресконференција од страна на градоначалникот Слачво Чадиев и стручните служби беа презентирани сите детали за спореведената постапка, квалитет и стручност на изведените работи.
Согласно стручните и експертски мислења, досегашната крстосница воопшто не го задоволовуаше севкупното ниво на сообраќајна услуга, како и нивото на безбедност во неа, што беше од огромно значење за граѓаните на Велес. Имајќи го во предвид овој факт, а со тоа и наметнатата потреба од изградбата на кружниот тек, сосема оправдана е намерата на Општина Велес за реализацијата на овој проект.
Според градоначалникот Чадиев новиот кружен тек во градот е изработен од најреномираните фирми во државата кои зад себе имаат богато искуство. Тоа општината го има добиено како документ во писмена форма.
-„Минимален радиус на хоризонтална кривина во зависниост од категорија на улиците треба да изнесува за магистрална улица 12 метри. Благој Ѓорев е магистрална улица. Значи кружниот тек се гради согласно законите и стандардите во Република Македонија. Изработен е од фирмата Давос, а ревидиран со надзор или дозвола има дадено најеминентната куќа во државата Ин – Пума” – рече градоначалникот.
Една од позначајните причини за изградба на новиот кружен тек е и тоа што со овој инфраструктурен сообраќаен објект ќе се намали брзината на движење и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во осообраќајот. Истиот ќе се разликува од тој во централното градскко подрачје, затоа што ќе биде со ниски ивици и на страничкиот дел во широчина од два и пол метри ќе бидат поставено бекатонски плочки за да се избегнат одредени непријатни ситуации.
-„Кружните текови се прават за да се намали брзината на движење на максимални 30 километри на час. На 12 метри радиус е пресметано без проблеми да помине автобус.” – напомена градоначалникот Чадиев.
Според проценките новата сообраќајна крстосница ќе биде пуштена во употреба пред празникот „11-ти октомври”. Новина е тоа што од ова место до Трговскиот центар сообраќајот ќе се одвива во двете насоки. Несомнено е дека целиот проект ќе претставува еден од позначајните активности кои се реализиран досега и кои ќе претставуваат гордост за градот.