Европската недела на мобилност одбележана во Велес

Oпштина Велес во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање традиционално од 16-22 септември се вклучи во одбележување на „Европската недела на мобилност“.
Во овој правец под мотото „Избери. Промени. Комбинирај“ денес, ученици на основните училишта како и средните училишта од Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

Настанот се реализирше со активности кои опфаќаа пешачење од „Стариот мост” во Велес до манастирот „Св. Димитрија” и возење велосипеди од „Стариот мост” во Велес до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. За време на одвивање на овој настан патот беше затворен за автомобили.
На овој начин се упатува силна порака дека , со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загаувањето од транспортот а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.