Одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците
И оваа година Горно Оризари беше центарот на Бошњаците од Македонија за да ги обележат 38-мите Средби на Бошњаците. Уште еднаш се докажа дека традицијата и обичаите на еден народ можат да се сочуваат и да се почитуваат таму каде што живее дел од него без оглед на тоа колку е далеку неговата матична татковина. Корените, мелосот, обичаите и традицијата се вистинскиот начин да се пренесе и да се остави традицијата на идните поколенија.
На свеченоста свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев кој во своето обраќање истакна дека организирањето на овие Бошњачки средби даваат јасен сигнал оти Бошњаците во Оризари ја пишуваат историјата на својот развој, но и на развојот на Велес и Македонија.
- „Општина Велес Ве поддржува и Ве охрабрува. Секој Ваш успех, достигнување, економски и културен напредок, е и наше задоволство.“- рече градоначалникот Чадиев.