МУРАЛИ НА ЈАВНИТЕ ПРОСТОРИИ
Со цртање мурали во Младинскиoт парк и во близина на Мало мовче, викендов се реализираше акцијата „Млади, мурали и јавни простори“. Акцијата е дел од проектот на УСАИД за граѓанско општество, а се реализираше во соработка со Младинскиот образовен форум и неколку граѓански здруженија од Велес. Проектот „Мурали Велес”, директно е инспириран од уличната уметност и нејзините идеи за ”субверзивност” и разубавување на јавниот простор.
Субверзивноста во овој проект не се однесува на некакво нелегално интервенирање во заедничкиот простор во градот, туку напротив, со помош и поддршка на општината, овој проект покажува дека галериите и музеите не се единствените места во кои може да се изложи и види уметност, туку дека во градот постојат и ѕидни површини кои совршено може да послужат за истата намена.