Потпишан е првиот ИПА проект за прекугранична соработка-ЕНЕРЏИНЕТ

Вчера во просториите на Општина Флорина се одржа првиот координативен состанок во рамките на проектот ЕНЕРЏИНЕТ финансиран од Европската Унија. На состанокот присуствуваа претставници на сите општини кои се вклучени во проектот и на истиот се потпиша договорот за партнерство со што се означи стартот на проектот. Градоначалникот Чадиев на лице место се запозна со деталите од проектот и од страна на грчките партнери кои задоволни од досегашната соработка најавуваат успешни резултати од имплементацијата.

Проектот ЕНЕРЏИНЕТ чиј водечки партнер е Општина Флорина од грчка и Општина Велес од Македонска страна, предвидува енергетска реконструкција на 5 од шестте клонови на градинката Димче Мирчев во Велес, отварање на канцеларија за енергетска ефикасност во Општина Велес и изработка на стратегија за енергетска ефикасност согласно европските правила(СЕАП), прва во Република Македонија.
Вкупната вредност на проектот е 799.554 евра или 49.572.348 денари
Вкупните одобрени средства за партнерите од македонска страна се 267.285
Општина Велес добива средства во вкупна висина од 167.000,00 евра, a Општина Прилеп 98.392. Учеството на Општина Велес е 22.719 евра или 1.390.402 денари.
„Најважниот аспект на проектот се градежните работи што ќе ги извршиме во детската градинка „ Димче Мирчев“. 82.000 евра ќе бидат искористени за поставување на термоизолациони фасади за енергетска ефикасност во 5 објекти (клоновите 2,3,4,5 и 6) во детската градинка „Димче Мирчев“
Останатите средства се наменети за:
Организација на почетна средба- Тематска конференција во Велес. Организација на Денови на енергетска ефикасност во Велес (масовен настан на отворено).
Изработка на енергетски елаборат за еден објект во сопственост на општината ( Клон 1 во градинката „Димче Мирчев).
Изработка на Стратегија за енергетска ефикасност SEAF (која ќе ги опфати сите објекти во сопственост на Општина Велес и ќе понуди долгорочни решенија за енергетска ефикасност) Стратегијата е во согласност со стандардите на ЕУ за изработка на SEAF“-истакна градоначалникот м-р Славчо Чадиев
Овој значаен проект е усогласен со нашите стратешки планови за енергетска ефикасност во сите објекти во сопственост на Општина Велес со што ќе заштедиме енергија, но истовремено ќе придонесеме во заштитата на околината и во практичната едукација на младите генерации.