KОНКУРС за доделување на Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

KОНКУРС
за доделување на Актерска награда
за животно дело „Петре Прличко“
ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО
На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Македонија.
Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Македонија.
Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.
Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози е 26.10.2015 година, најдоцна до 16:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, лично или по пошта.
За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.
Прашања во врска со конкурсот можат да се поставуваат писмено (по пошта), лично, на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефон 043-232-406 локал 113 кај лицето Билјана Манаскова.
ПРЕДЛОГ
Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:
- Пријава за кандидатот од предлагачот;
- биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
- фотографија на кандидатот; и
- образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.
НАГРАДА
На конкурсот се доделува една награда.
Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.
ИЗБОР
Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна комисија од три члена.
Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес, најдоцна 5 дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.