Увид на градежните активности на новиот кружен тек
Градоначалникот Славчо Чадиев во рамките на неговата работна агенда денес изврши увид на крајните градежни активности на новиот кружен тек кај местото „Авона”. По завршните земјени работи и поставување на осветлувањето, се изврши и асфалтирање на кружната површина. Пуштањето во употреба на новата сообраќајница е планирано за оваа недела.
Клучката ќе биде една од најбезбедните за сите учесници во сообраќајот двосмерното одвивање на сообраќајот до „трговскиот центар“ ќе го ослесни движењето на возилата во овој дел на градот.
Проектот целосно се финансира од Буџетски средства, а изведувач на работите е градежната фирма Eвроинженеринг од Велес.