60 години Ансамбл ,,Керамичар''
Вчеравечер на сцената на Народниот театар „ЈХК Џинот” во Велес беше промовирано новото ДВД-издание по повод 60 години Ансамбл „Керамичар”.
Во изминатите 6 децении, „Керамичар” покажа дека е вистински културен амбасадор на Велес и Македонија, кој специфичниот македонски фолклор го доближи до луѓето од сите меридијани, во над 22 земји од Европа и Светот.
Во ново промовираниот видео запис сите вљубеници во фолклорот ќе можат да уживаат во играта на фолклорните групи и во ритамот и звукот на оркестарот на Ансамбл „Керамичар”. Видео материјалот нуди потсетување и за 6-те децении настапи, концерти и фолклорни фестивали на кои настапувале фолклористите на Ансамбл „Керамичар”.
На свеченоста свое обраќање имаа градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Ансамбл „Керамичар” Toме Јаневски и Бошко Тренески, долгогодишен директор на Ансамблот „Танец“.