Одбележан Светскиот ден за борба против гладот

Денес градоначалникот Славчо Чадиев заедно со претседателот на ОО на Црвениот крст од Велес Д-р. Милчо Трајковски, го одбележаа Светскиот ден за борба против гладот каде што се предаде и чекот со кои ќе им се помогне на 10 семејства. На настанот се донираа и парични средства со повик на броевите за донации (075/070/077-143 400).

 

Општина Велес има постојана соработката со граѓанските организации и институциите од областа на социјалната заштита. Особено е изразена соработката со Општинската организација на Црвениот крст од Велес и Центарот за социјална работа. Токму оваа соработка придонесе помошта што Општина Велес ја дава на граѓаните кои за тоа имаат потреба да биде упатена на вистинското место.

„Општина Велес им искажува благодарност на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст што во континуитет, во текот на целата година водат грижа за луѓето што не се во состојба сами за себе и своето семејство да обезбедат достојни услови за живот. Помошта што ја даваме денес е поврзана со Меѓународниот ден за борба против гладот, 16 октомври (некаде се именува како ден на храната). Иако надлежностите на локалната власт во областа на социјалната заштита не се обврзувачки, сепак Општина Велес оддели 20.000 денари буџетски средства со кои ќе им се помогне на 10 семејства со по 2.000 денари“-рече градоначалникот Чадиев.

Изборот на семејствата на кои општината ќе им додели еднократна помош оставаме да го направат Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Општинската организација на Црвениот крст затоа што тие ги имаат податоците и за да не се случи едно лице да добие помош по повеќе основи, а некој кој има потреба да не добие воопшто.
И овој пат трансферот на средства од општината го направивме со ОО на Црвениот крст со цел да ги поштедиме примателите на помош од очите на јавноста.