Турнир на пеливани во Бузалково

Согласно програмските активности на Општина Велес, денес се одржа традиционалниот турнир на пеливани во селото Бузалково.

Традицијата на стариот спорт што со особено внимание се негува во ова населено место, предизвика голем интерес како од пеливанските клубови од целата држава, така и од населението од Бузалково, Велес и голем број населени места во општината. Во пеливанските борби учествуваа голем број на борачи од сите категории. Организатор на турнирот е МЗ „Бузалково” и Општина Велес. За отворен го прогласи градоначалникот Славчо Чадиев кој на натпреварувачите им посака многу успех и негување на оваа традиција. Турнирот беше збогатен со културно-уметничка програма што ја подготвија членовите на ансамблот КУД „Емин Дураку“ од Скопје и традиционалните зурли и тапани што ги придружуваат борбите на пеливаните.