Заштита на фрескоживот во манастирот Св. Димитрија

Денес градоначалникот Славчо Чадиев заедно со директорката на Народен музеј - Велес Елица Николова извршија увид на активностите во манастриот Св. Димитрија каде што се работи на фрескоживот на овој објект.
Есенските месеци се оптимални за изведување на овој тип проби на раслојување на двослоен живопис. Ќе се проба со страпо техника и класичниото раслојување на двослојниот живопис. Според добиените резултати ќе се одлучи на крајот со кој метод ќе се продолжи раслојувањето на преостанатиот живопис.
Овие активности се прават со цел презентација на сочуваниот оригинален живопис од времето на подигнување на црквата (13/14 век). Истиот понатаму да биде подложен на неопходните мерки за негово консолидирање и конзервирање.
Овој проект е финасиран од Министерството за култура во соработка на Општина Велес.