Ревија на новиот германски филм во Велес

Вечерва во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес започна ревијата на новиот германски филм. Ревијата е во рамките на 11. Фестивал на новиот германски филм, што го организира Амбасадата на Германија во Македонија, а во чии рамки во десет македонски градови меѓу кои и Велес ќе се прикаже разноликоста на германската кинематографија.
На програмата се филмови од најразличен жанр. Тие го опфаќаат времето на Шилер и Гете, па сѐ до денешницата, каде што се појаснуваат предизвиците на мултикултурното општество. Не е изоставен ниту начинот на справување со сопствената минливост.
Проекцијата на првиот филм „Роден во болка“ од овој фестивал го проследија градоначалникот Славчо Чадиев, претставници на германската амбасада, генералениот менаџер на „Маркарт Македонија” Волфганг Ајхер како и бројни гости и љубители на германската филмска уметност.