Одбележан Денот на македонската ревоулционерна бoрба

Општина Велес во континуитет веќе шест година на вистински начин се навраќа на големиот ден од македонската историја 23-ти Октомври 1983 година со цел да ја истакне суштина и значењето но и да ја открие историската вистина за самосвеста на македонскиот народ.

Во тој правец, денес со свечена академија во салата „Бели Мугри”, беше одбележан утрешниот голем празник кога се прославува Денот на македонската револуционерна борба.

Пред точно 122 години, под мотото „Смрт или слобода за Македонија“, шестмина македонски визионери со страст и решителност започнаа да ја шират идејата за создавање на сопствена, самостојна и независна држава. На нивната храброст и решителност денес се темели државноста на Македонија.

На денешната свечена академија, свое обраќање имаше градоначалникот Славчо Чадиев.
Свеченоста беше збогатена со настапот на фолклорното друштво Ансмбл „Македониа“.