Европски искуства за подобра администрација

Општинската администрација преку европски искуства ќе го подобрува работењето. Програмата за развој на Oбединетите нации организираше обука за службениците во локалната самоуправа. Експерти од Велика Британија одржаа предавање како да се подобрат услугите кои ги нуди општината.
-„Задоволство ни е што денеска организираме работилница со врвни акглиски експерти за јакнење на иновациите, односно обезбедување на иновации во работењето на општините. Дел од задачата на ова работилница е да им се олесни работењето на општините, ниe и граѓаните да учествуваат во тоа олеснување.“ - рече Александро Фракасети, постојан претставник на УНДП во Македонија.
Освен за работата на општинските административци, обуката на УНДП треба да помогне и во унапредување на работата на советот. Англиските експерти споделија искуства во подготовката на буџетот во градови од Европската унија. Според локалните власти, обуката е добра можност да се направи споредба во работењето на општините. Ќе се бара и начин како дел од европските искуства можат да се применат во Велес.
-„Да видиме на кој начин можеме да го подобриме работењето на општината и секако Советот. На овој начин ќе ги зајакнеме капацитетите за во иднина.“ - рече градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Обуката за општинската администрација организирана од УНДП се реализира во соработка со Вентарот за развој на Вардарскиот плански регион. Велес е прва локалната самоуправа која се запознава со искуствата од работењето на општините во Велика Британија.
-„Овие странски консултанти кои се од фирма која е основата од Владата на Велика Британија имаат работено во многу општини таму и затоа нивното искуство е драгоцено и за нас.“ - рече Марко Колев, раководител на Центар за развој на ВПР.
Според надлежните во Општина Велес, предавањето на англиските експерти за работата на административците во следниот период детално ќе се анализира. Тоа ќе биде презентирано во секој сектор во локалната самоуправа. Се очекува дел од искуствата ќе бидат применети во работата на општинските административци.



