Реконструирани соблекувалните на градскиот стадион

Денес, Градоначалникот Славчо Чадиев, заедно со престедателот на ОФС Велес, Лазе Ракиџиев и директорот на ЈП „Парк Спорт“ Александар Табаков извршија увид на реновираните соблекувални на градскиот стадион. Соблекувалните кои се поделени за домаќините во долниот дел и гостите во горниот дел се изработени по стандарди. Самата изработка и површина на овие соблекувални задоволуваат со стандардите за играње и на прволигашките фудбалски натпревари.
Градскиот стадион добива нов лик, соблекувалните се изработени со сите потребни стандарди како во простор така и во материјал како што е премачкувањето на антибактериските слоеви на самите ѕидови и плочки. Веќе измонтираните нови столчиња од неодамна даваат подобра слика, истото така се вложуваат напори и за подобрување на атлетската патека и покривање на стадион како и подобрување на останатиот дел од трибините. Што се однесува на самиот терен за играње веке е еден од оние со 4 ѕвезди каде што можат да се играат и меѓународни фудбалски натпревари.

