Прием кај Градоначалникот на член на спортскиот клуб „КАРШИЈАКА СПОР“

Денес градоначалникот м-р Славчо Чадиев оствари средба со Јонус Ј'лкер членот од спортскиот клуб „КАРШИЈАКА СПОР“ на збратимениот град Каршијака, Р. Турција. За време на средбата се разговараше за добрите воспоставени релации и соработка меѓу двете општини.

Главниот акцент на средбата беше спортот и разгледување на можностите за идна соработка од овој сегмент. Оваа посета има големо значење за рефлектирање на искуствата на овој актуелен шампион.

На средбата беа разменети сувенири и подароци како поздрав до градоначалникот од претседателот на клубот Али Ертен.
„КАРШИЈАКА СПОР“ е клуб формиран во 1900-тата година,со долга историја и богата традиција со освоени многу трофеи од повеќе области како што се: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање и други спортови.