Одбележување на 9-ти ноември, 71 година слободен Велес
Со положување цвеќе на Спомен костурницата од НОВ од страна делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ Велес, АРМ, МВР-СВР Велес, преставници од збратимените градови, како и делегации од институции, устаноци, јавни претпријатија, здржуенија на граѓани и политички партии, денес се одбележаа 71 година од ослободувањето на Велес.
Во четиригодишните борби за градот пред точно седум децении загинаа многу борци. Ним, на сите оние кои во вековите наназад загинаа за слободата на Велес и Македонија и на сите оние што се бореа за нашата независност во годините потоа, Општина Велес им изразува трајна благодарност и почит.
Секој 9-ти Ноември е нова страница, ново поглавје од историската читанка стара 23 века.
Нека ние честит Денот на Општината 9-ти Ноември! Да живее споменот на македонските херои! Да живее Велес! Да живее Република Македонија!