Пуштен во употреба новиот кружен тек

Празничната програма по повод 9-ти Ноември - Денот на Општина Велес по оддавањето на почит на велешките херои продолжи со пуштањето во употреба на новиот кружен тек на улицата „Благој Ѓорев”.

На настанот присуствуваа градоначалникот Славчо Чадиев, пратеникот во Собранието на Република Македонија Ѓорѓи Коџабашиев, членови на Советот, раководители на инстутиции од градот и останати граѓани.


Предавајќи го во употреба кружниот тек градоначалникот Чадиев истакна дека чувствува големо задоволство што со овој инфраструктурен сообраќаен објект и со веќе изградениот на влезот во Велес се реализираат дадените ветувања и се подобруваат условите за живеење и функционирање на граѓаните.


Градежните работи на оваа локација започнаа пред неполни 4 месеци. Досегашната патна инфраструкутра одамна ги беше надминала стандардите за кои е градена пред повеќе од половина век.


Од денес Велес и неговите граѓани добија нова кружна раскрсница што ги прифаќа возилата од сите насоки, урбано уреден простор и променета слика на овој најрекфентен дел во градот што го користат многу возила и пешаци.