Уредена улица во Башино село
Денес од страна на градоначалникот Славчо Чадиев беше извршен увид на завршените градежни активности за уредување на улица во Башино село.
Должината на оваа улица која за прв пат се уредува е околу 150 метри. Оваа улица е една од приоритетните која беше предложена од страна на Месната заедница.
Градежните активности кои следуваат во наредниот период ги најави на лице место градоначалникот.
Жителите од ова велешко село следната година ќе добијат ново повеќенаменско игралиште.