НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Република Македонија е во географскиот регион во кој е присутнa трговијата со луѓе, и е идентификувана како земја на транзит и крајна дестинација. Во обидите за градење единствен пристап на земјите од Југоисточна Европа за афирмирање на човековите права, но и за борба против транснационалниот организиран криминал, Република Македонија ги прифати сите релевантни документи на Обединетите
Нации и Европската Унија.

За нашата држава овој проблем е посебно изразен, поради што последните години од земјите на ЕУ често беа испраќани критики дека активностите против трговијата со луѓе и против нелегалниот престој треба да се интензивираат.

Тоа беше главна причина што на ниво на Македонија е формирана Национална комисиjа за борба против трговија со луѓе,

Со поддршна на мисијата на ОБСЕ, Националната комисија организиора обуки со цел за успешна децентрализација на нејзината работа, како и за изработка на Локални акциски планови за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција.

Националната комисија за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе и нелегалната миграција меѓу приоритетите ги има спроведувањето на тренинзи за зајакнување на капацитетите за борба против трговијата со луѓе и нелегалната миграција на лицата задолжени за ефикасна примена на законите како и јакнењето на националните капацитети за ефикасно спроведување на законите со ставање на жртвата во средиштето на интересот.
Во тој контекст е и Работилницата што во организација на ОО на Црвен крст Велес, МВР – СВР Велес и Општина Велес се организира денес во рамките на Неделата за борба против трговијата со луѓе (2-9 декември).