Фитнес вежбалница и позади Гимназијата

На локацијата позади Гимназијата „Кочо Рацин” екипи на ЈКП „Дервен” oвие денови ги монтираат реквизитите за нова вежбалница. Со нејзината изградба, ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе од овој дел на градот кои токму овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време.

Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат ќе можат бесплатно во било кое време од денот да ги користат овие спортски реквизити. Ваквите напори и вложувања се уште еден доказ дека Oпштина Велес посветува големо внимание на сите видови спорт вклучувајќи ги како училишниот така и рекреативниот.