Заврши уредувањето на улиците предвидени во програмата „Декада на Ромите“

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес, имаше средба со министерот без ресор во Владата на Републука Македонија Неждет Мустафа.

По разговорот во кабинетот, извршија увид на улиците кои за прв пат беа уредени.

За целосната реализација на овој проект кој опфати повеке улици во кои претежно живее население од Ромската заедница ,се обезбедија средства во вкупен износ од 2.700.000 денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Р. Македонија – Министерство за транспорт и врски, Потпрограма 11-Подршка на имплементација на Декадата и Стратегија за Ромите во висина од 2.000.000 денари , дополнителните средства во висина од 700.000 денари се обезбедија од Програмата за уредување на градежното земјиште на територија на Општина Велес за 2015 година.

Реконструкцијата на завршниот слој на коловозот ги опфати и улиците „Славко Давчев”, „Благој Кирков”, „Благој Страчков” и „Стефан Богоев”.