50 години ССОУ „Коле Неделковски“
Средното стручно училиште „Коле Неделковски“ денес, обележа 50 години. Неговите почетоци пред половина век се тесно поврзани со индустријализацијата на Велес. Најголемиот дел од вработените во тогашните индустриски гиганти своето образование го стекнале токму во ова училиште.
Денес, половина век потоа значењето на училиштето е уште поголемо. Велешкото стопанство е во подем, а тоа значи дека му требаат кадри што ќе одговораат на потребите на новите стопански капацитети, образовни профили што ќе ги следат трендовите на технолошкиот развој, но и планираните развојни перспективи на општината.
Првите образовни кадри на „Коле Неделковски“ биле дограмаџии, бравари, ќурчии, лимари, налбати, металци, молери, плетачи, медицински хигиеничари. Денес во ова стручно улилиште постојат повеке насоки како што се машинската струка, електортехничка струка како и сообраќајна и угостителско туристичка струка.
Иако официјално ССОУ „Коле Неделковски“ како посебен правен субјект функционира 50 години, неговите вистински почетоци се во 1948 година како „вечерно занаетчиско школо“ со 210 ученика.
Денес со гордост може да се каже дека во ова училиште се образуваат 700 ученици од Општина Велес, но и од сите општини од регионот.
Успесите што денес се постигнуваат се резултат на ангажирањето на сите вработени во колективот, на следењето на актуелните трендови, на размената на искуства со домашните, но и странските сродни образовни институции. Задоволството од работата во овој колектив се гледа и од успехот на учениците, од вкупната атмосфера во колективот, од резултатите на училишните натпревари и саемски манифестации.