Изложба „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Чешка“

Вечерва во Ликовниот салон во Велес свечено беше отворена изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“.

Организатор на настанот е Амбасадата на Република Чешка во Македонија, во соработка со Народниот музеј од Велес, а во рамките на проектот „Велес – град на културата за 2015 година”.

Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев.