ДЕН НА ТУРСКАТА КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА ВО ВЕЛЕС
Во Велес денеска по седми пат се одржа манифестацијата „Ден на турската култура и традицијa” која е во организација на ЗГ „Јени Хајат” и Општина Велес.
На манифестацијата беа презентирани богатата турска култура, традиционална соба, песни, ора, носии, турската чалгија и турските солени и благи специјалитети. Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот Славчо Чадиев кој истакна дека таа е уште една потврда за соживотот и заедништвото со турскиот народ во Македонија. Настанот предизвика голем интерес кај велешани кои не можеа да одолеат на вкусот на традиционалната храна на турскиот народ. Oваа манифестација од година во година прерасна во традиционална средба на граѓаните од турската заедница со граѓаните од сите заедници на подрачјето на општината.