На Св. Никола посета на Башино село
Денес на верскиот празник Свети Никола градоначалникот Славчо Чадиев беше во посета на Башино село. Поголем дел од граѓаните на ова населено место денешниот празник го прославуваат како куќна слава. Ним градоначалникот им посака уште многу мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом.
Инаку за помалку од еден месец од посетата на премиерот Никола Груевски се реализираа голем број од барањата кои ги изнесоа жителите. Со бекатонски плочки беше уредена улицата „Ристо Папазов” во должина од 150 метри, а се огради и бунарот за селската чешма. За многу кракто време ќе почнат и градежните работи за иградба на повеќенаменско спортско игралиште кое ќе се наоѓа веднаш до фудбалскиот терен. Во тој правец општината веќе го издаде одобрението за градба.
За жителите од ова населено место исполнувањето на даденот збор значи потвдра за сериозниот пристап кој го имаат надлежните за решавање на проблемите на граѓаните. Локалната самоуправа и во текот на следната година ќе продолжи со реалиацијата на нови проекти кои ќе придонесат за создавање на поквалитетни услови за живеење.