Нова чешма - симбол на трајното пријателство
Протече вода од чешмата која го симболизира пријателството помеѓу семејствата Сарач и Ацеви. Лоцирана кај Итната медицинска помош има за цел да ги зближува луѓето кои секојдневно минуваат тука.
Сарач е познато велешко семејство кое во Велес живеело до 1954 година.Тогаш Хамди и Хајрие се иселиле во Истанбул, Република Турција. Приказната за водата која ги зближила овие две семејства денес раскажана пред чешмата на пријателството. Целта е да се негува пријателството, да се гради соживотот и аманетот на Хамди и Хајрие нивните синови го исполниле со изградбата на оваа чешма во која велешани ги гледаат традиционално добрите турско македонски односи. Денешниот ден за промовирање на оваа чешма не е случајно одбран. Настанот е дел од манифестациите кои во Велес се организираат како дел од чествувањето на 21 декември - Денот на наставата на турски јазик.