Увид на завршните активности во Општина Лозово

Градоначалникот Славчо Чадиев денес заедно со раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и градоначалникот на Општина Лозово Орце Цветковски извршија увид во завршените активности во Општина Лозово.

Долгогодишниот проблем со затоплување се реши со инсталирање на систем за топловодно греење со котлара во ООУ „Методи Митевски Брицо“, а со цел за подобрување на условите за спроведување на образовниот процес во општините од ВПР, преку решавање на инфраструктурните потреби од областа на енергетска ефикасност.

Исто така беа монтирани и 2 сончеви колектори за добивање на санитрна топла вода во ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ клон во Општина Лозово и ООУ „Методи Митевски Брицо“, а комплетно беа променети прозоците и вратите во домот на Културата во Општина Лозово.

Трите проекти кои беа реализирани во оваа општина беа финансиски поддржани од Бирото за регионален развој – Министерство за локална самоуправа и од прграмата за развој на ОН-УНДП.