Градоначалникот го посети семејството Беќири
Традиционално, како и секоја година, така и на крајот од оваа, градоначалникот Славчо Чадиев направи домашна посета на велешко семејство.
Денес беше посетено семејстовото Беќири. Ним градоначалникот Чадиев, од сопствени средства им подари прехранбени продукти и намирници, како еден скромен придонес за празничната атмосфера во нивниот дом. На шестчленото семејство Беќири, градоначалникот им посака многу среќа, здравје и успех во новата 2016 година.