Градоначалникот ги посети дежурните служби
Пред почетокот на новата година, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев ги посети дежурните служби кои за време на новогодишната ноќ беа активни и се грижеа за безбедноста на граѓаните.
Тој во новогодишната ноќ ги посети Територијалната противпожарна единица, Полициската станица, Службата што ја обезбедува Општинската зграда, Центарот за управување со кризи, Брзата помош и касарната Алексо Демниевски-Бауман.
Градоначалникот Чадиев честитајќи им ја новата година на дежурните вработени во овие служби, им се заблагодари за нивната професионалност и ангажираност во секое време од годината.