Реконструкција на фасадата на ССОУ „Коле Неделковски”

Денес беше извршена промоција на проектот “Реконструкција на фасадa во ССОУ “Коле Неделковски” - Велес” кој е финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

Градоначалникот на Општина Велес, а воедно и Претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион Славчо Чадиев, Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион Марко Колев и директорот на ССОУ „Коле Неделковски” Боро Ристовски ги презентираа активностите зареконструкција на фасадата и ја истакнаа важноста и придобивките од реализирањето на овој проект во областа на енергетската ефикасност. Преку имплементацијата на овој проект, односно рекунструкцијата на фасадата на средното стручно училиште „Коле Неделковски” ќе се добие енергетски ефикасен објект, каде со користење на природните ресурси се заштитува и животната средини. Бенифит ќе имаат и сите ученици кои ќе имаат дирекна корист од спроведувањето на оваа топлотна изолација.