Продолжува уредувањето на улиците во с. Иванковци
Во с. Иванковци во тек се интензини градежни работи за уредување на улиците. Активностите се дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој во висина од близу 5.000.000 денари. Денес во посета на ова населено место беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од досегашниот тек на работа.
Со завршувањето на реализацијата на проектот се предвидува биде уреден центарот на селото, а ќе се овозможи и поврзување на централната со попречните селски улици и ќе се реши проблемот со прифаќањето и одведување на атмосферските води. На овој начин ќе се олесни сообраќајната комуникација и транспортот на земјоделските производи и ќе се стимулира развојот на локалната заедница.