Пуштена во употреба опрема за автоматско хлорирање на вода

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, заедно со директорот на ЈКП ,,Дервен” Фиданчо Цековски ja пуштија во употреба новата, софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата во Фабриката за преработка на вода при ЈКП Дервен.

За реализирање на овој проект ЈКП Дервен од сопствени средства одвои 60 илјади евра. Новата станицата за хлорирање на водата е модерна и софистицирана која во следните 30 години ќе биде во функција.
ЈКП Дервен ги следи најновите стандарди за безбедност во снабдувањето со вода.