ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”
Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска се одржа презентациja во Големата сала на Општина Велес.
Притоа граѓаните добија бројни информации за проектите од претставници на Министерството за финансии, од Катастарот, банкари, претставници, како и претставници од Локалната самоуправа. Сите заинтересирани бараните податоци можат да ги добијат и во следните денови, во рамките на отворената канцеларија при Управата за имотно-правни работи – Велес.