Градоначалникот Чадиев оствари средба со велешките угостители

Денес во просториите на Општина Велес градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со претставници на угостителските oбјекти и ресторани од градот.

На состанокот во дирекната меѓусебна комуникација двете страни, општината и угостителите ги разгледаа сите предлози и идеи за кои сопствениците на рестораните сметаа дека се добро решение за велешкото угостителство.

Од средбата произлегоа многу конструктивни предлози. Угостителите беа задоволни од средбата, и од тоа што општината има слух и бара начин заеднички да се решат проблемите со кои се соочуваат.

Притоа, дискусијата продолжи и во правец на предлог-идејата за организација на манифестацијата „Скаријада” планирана за оваа година. Беа споделени повеќе различни мислења и сугестии околу случувањето на еден ваков настан. Двете страни се согласија околу позитивните придобивки на манифестациите од овој тип.

Дебатата и собирањето на предлози за оваа идеја ќе продолжат и понатаму со вклучување на сите заинтересирани субјекти, за да се изнајде најсоодветното решение. Намерата е да се дојде до еден квалитетен, долгорочен, но издржан заклучок кој ќе биде прифатен од целата јавност и граѓаните.