Интезивните врнежи од дожд го зголемија нивото на реката Вардар
Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија Илија Димовски излегоа на терен по на течението на реката Вардар по обилните врнежи што ја зафатија Република Македонија.
Водостојот на реката е веќе над просечното ниво и постои можност од излевање.Затоа Општината будно го следи водостојот на Вардар, но и на другите водотеци.
Во текот на денот ќе се состане и Кризниот штаб и доколку стане потреба ќе се делува на терен.