Подобри образовни можности за децата со пречки во видот
Денес проектот на УСАИД и Лајонс клуб Меѓународната Фондација за децата со пречки во видот, имплементиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа , го одбележа отварањето на новиот ресурсен центар за деца со пречки во видот во Велес во поранешната зграда на ООУ „ЈХК-Џинот“.
На отварањето присуствуваше градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев, Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Република Македонија, Звонимир Цветановски, гувернер на Лајонс Дистрикт Македонија,Шпети Латифи, директор на проектот за деца со пречки во видот, Каракашев,Координатор на проектот за деца со пречки во видот.
„Особено сум горд што 2015 година ја завршивме со поставување лифт за инвалиди во едно училиште, а во 2016 продолжуваме со отворање на овој центар за деца со пречки во видот. Општина Велес обрнува големо внимание на лицата со инвалидност, особено на младите и на нивната општествена вклученост и социјализација. Токму затоа работи на рушење на сите бариери кои им го усложнуваат животот. Дел од рушењето на тие бариери е отворањето на овој Ресурсен центар. Информатичката технологија, другите помагала и опрема што ги донираат нашите пријатели од УСАИД и Лајонс Дистрикт ја исполнија желбата на децата со пречки во видот, а нам ни помогнаа да го отвориме првиот Ресурсен центар во овој објект кој во целост ќе биде наменет за лицата со инвалидност во Општина Велес “- истакна градоначалникот Чадиев.
Овoj центaр ќе овозможи подобри услови, ресурси и директна подршка за децата со пречки во видот со цел да се подобри нивната писменост и образовните можности. Сите центри се опремени со најсовремена технологија потребна за образовниот процес за децата со пречки во видот. Дел од оваа опрема се смарт табли кои ќе им овозможат на децата со пречки во видот да пишуваат, читаат, гледаат видеа и презентации. Браевите принтери кои можат да конвентираат текст на повеќе од 130 јазици, вклучуваќи ги и Македонскиот, Албанскиот и Турскиот на Браево писмо, со топлотните фјузери ќе можат текстовите и сликите нацртани на специјална хартија да ги претворат во релјефни слики кои ќе можат да се прочитаат на допир, компјутери со софтвер за конвертирање на Браево писмо и останати дидактички материјали