Ние сме идните екологисти!
Денес во дворот на ОЈУДГ„Димче Мирчев“ Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со најмладите засади садници во знак на обележување на Денот на пролетта – денови на екологијата. Носители и организатори се ЕД „Вила Зора“ и Општина Велес, а учесници учениците од сите основни училишта и дечињата од Детската градинка „Димче Мирчев“
Манифестацијата „Денови на пролетта“ е поздрав на младоста и потребата од здрава животна средина. Како што се буди пролетта да се обидеме да ја разбудиме и совеста и навиките за приоритетите во начинот на живот и заштитата на животната средина.
Пораката на дечињата е „Ние сме идните екологисти!“