„ЕУРО БРИК“ ОФИЦИЈАЛНИ СПОНЗОРИ НА КК „БОРЕЦ БАСКЕТ“
Официјално денес се потпиша договор во Општина Велес помеѓу сопствениците на „Еуро Брик“ и Претседателот на СС, Васко Бојчев.
Македонско – турската компанија „Еуро Брик“ кои се занимаваат со производство на цигли, ќерамиди, производи од печена глина за градежништво и кои неодамна ја откупија фабриката за цигли „Киро Ќучук“ и кој со производство започнуваат за неколку седмици, од денес се и официјални спонзори на КК „Борец Баскет“.
При потпишувањето на договорот присуствуваа и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев кои ветувањата за спортот и враќањето на стариот изглед во однос на спортот со своите залагања го остваруваат.
„Овој воспоставен начин на соработка секако носи резултати и убедени сме дека ќе продолжи со уште посилен интензитет и во наредниот период. Тоа е за доброто на кошарката во градот“- истакна градоначалникот Чадиев.
„Спонзорството ќе ги подобри условите од секој аспект за кошарката во Велес и вракањето на КК „Борец Баскет“ во најсилната лига “- изјави Бојчев.