Одбележан денот на шегата 1-ви Април.

Слика 1

Општина Велес и оваа година организираше традиционална манифестација по повод 1-ви Април – денот на шегата.

На манифестацијата присуствуваа учениците од седумте основни општински училишта, децата од ПОУ „Маца Овчарова“, како и најмладите од детската градинка ОУЈДГ „Димче Мирчев“. Во младинскиот парк можеше да се видат разнобојните костими, песни и насмевки како и моментот кога децата можат вистински да живеат во бајките и со омилените јунаци од филмовите.

Слика 2

Слика 3