Велес со Сања Бачманова на „Републичка Вешта жена“

По општинските натпревари, на 12 и 13 мај во Манастирскиот комплекс во Лешок, по 25-ти јубилеен пат се одржа традиционалната манифестација од мултиетнички карактер „Републичка Вешта жена“.
Оваа година учествуваа сите победнички од 20 града од Македонија, а седум од нив се натпреваруваа за наградата Гранд при.

За потсетување, Сања Бачманова е вешта жена на Велес за 2016 година и наша претставничка на Републичкиот натпревар.
Општина Велес како и секогаш помогна во реализацијата на овој настан.