Градежни активности на улица „Павел Шатев”

На улицата „Павел Шатев” која се наоѓа во УЗ „Керамидна” во тек се градежни активности за поставување на канализациона мрежа, а потоа ќе следи и асфалтирање на улицата.
Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој ја потенцираше реалната потреба за уредување на инфраструктурата во овој дел од градот, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите.