Кајакарот Љубомир Спасиќ постигна голем успех на Европскиот куп

Денес во Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со кајакарот Љубомир Спасиќ кој оствари голем успех во германскиот град Аугсбург, каде во финалето на Европскиот куп го освои четвртото место во дисциплината К1. На средбата спортистот Спасиќ ги сподели доживувањата а исто така искажаа голема благодарност кон градоначалникот и општината за досегашната поддршка која се дава на кајакот како спорт.

На градоначалникот Славчо Чадиев честитајќи му го успехот на Љубомир Спасиќ, истака дека тој и општината секогаш настојуваат да им се помогне на луѓето кои покажуваат напредок во спортските резултати и да се поддржат во рамки на можностите.Следни негови настапи ќе бидат Светското првенство во кајак (1-5 јуни 2016 година) во Бања Лука (Босна и Херцеговина), а во периодот од 9-11 јуни 2016 година на Светскиот куп во Целје (Словенија).
Општина Велес и во понатамошниот период ќе продолжи со давањето поддршка на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција на Велес и Македонија.