Завршната манифестација од проектот „ЕНЕРЏИНЕТ”

ОЈУДГ „Димче Мирчев” од Велес има најефикасна заштата од сите локални институции. Привршуваат работите околу поставувањето на термофасадите на 5-те објекти од градинката. Проектот кој се реализира и финансира со европски средства се одвива според планираната динамика и интензитет. Покрај Велес, вклучени се и Општина Прилеп од Македонија и три општини од соседна Грција.

Во рамките на проектот, предвидено е со енергетско ефикасна фасада да биде заменета и фасадата на клонот „Маргаритки”. Но, oвде нема да застанат работите. Паралелно со поставување на енергетска фасада, дечињата учат и што занчи енергетска заштеда. Она што го научија на неколку штандови поставени во Младинскиот парк го презентираа како дел од завршната манифестација од проектот „ЕНЕРЏИНЕТ”